Испечати

Банана куглоф со моркови

Банана куглоф со моркови

Состојки

  • 3 банани (300 гр)
  • 2 моркова (100 гр)
  • 2 јајца
  • 100 мл јогурт
  • 160 гр брашно
  • 140 гр интегрално грахам брашно
  • 2 ванилин шеќери
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1 прашок за пециво
  • 50 гр сушена брусница
  • 50 гр сечкани ореви
  • 50 гр суво грозје
  • За прелив
  • 2-3 лажици мармалад од моркови и праски
  • 60-70 гр чоколадо
  • листови бадеми за посип

Подготовка

Многу ми се допаѓа рецептов, брзо се подготвува и е скоро без шеќер. Можете да го послужите и како сладок појадок. Мојот најмал син беше воодушевен, со секоја ужинка се сладеше со парче од колачов.

Подготовка
1. Морковот го рендаме на ситната страна од рендето, бананите ги пасираме со вилушка, па ги соединуваме со јогуртот и јајцата.
2. Сувите состојки ги помешуваме заедно со шеќерот и ги соединуваме со смесата од банани.
3. Ги додаваме сушеното и јаткастото овошје.
4. Во намрсен и набрашнет калап за куглоф ја истураме смесата. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 45-60 минути. Дали е готов пробуваме со чепкалка или стапче за ражничи.
5. Откако ќе се излади го прелеваме со преливот.
Мармаладот го загреваме на оган па му го додаваме чоколадото да се растопи. Го прелеваме куглофот и го наросуваме со листови бадеми.

Забелешка
Можете да искористите било каков мармалад, од кајсии, од сливи....Во него можете и да го изоставите ванилиниот шеќер, ставете малку екстракт од ванила или содржината од ванила стапче.
Ако немате калап за куглоф слободно истурете ја смесата во тавче, со што ќе ви треба и помалку време за печење, а ако сакате подекоративна варијанта, можете да го ставате и во калап за мафини, изборот е ваш.
Рецепт за мармалад од моркови и праски имате овде