Ладило (лепеза) од црн патлиџан
Состојки
- 1 црн патлиџан
- 2 парчиња домат
- 150 г кашкавал
- 3 чешниња лук
- по вкус сок од лимон
- по вкус сол и црн мелен пипер
- по потреба масло
Подготовка
1. Црниот патлиџан го миеме и го сечеме на парчиња по 5 мм така што го оставаме на крајот 2 см нерасечен, за да добиеме Ладило. Секоје парче го посолуваме и го нанесуваме црн пипер. Меѓу секое парче ги ставаме тенко исечен кашкавал (100 г ) и исто така еден тенко исечен домат. Црниот патлиџан го ставаме во тава за печење попрскана со масло.
2. Доматот го попаруваме со врела вода и го чистиме од лушпата. Го сецкаме на ситни коцки и го подпржуваме заедно со ситно исецкан лук. Во сосот го додаваме лимонов сок и зачините. Со готовиот сос го полеваме црниот патлиџан и го печеме на 180 степени 25-30 минути. Патлиџанот го вадиме од рерната го наросуваме со изрендан кашкавал (50 г) и го печеме уште 5 минути.
Готовото Ладило го украсуваме со магдонос.