Испечати

Вртен леб (без месење) - Twistead bread

Вртен леб (без месење) - Twistead bread

Состојки

  • 700гр. пченично брашно
  • 100гр. пченкарно брашно
  • 1 свеж квасец(40гр.)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 550-600мл. млака вода
  • мешавина од пченично и пченкарно брашно за размесување

Подготовка

Убавина од лебче би го приготвувала секој ден...моите го обожаваат убава шуплива внатрешност, крцкава кора. Нема да можам да ви одговорам каков е наредниот ден едноставно сега во сезоната на ајвари го снемува уште додека е топол. Овој беше месен за моите верни пријателки кои ми помогна во лупењето на пиперките за зимница...во таа работа и трка лебот ми беше полн погодок.
Подготовка.
1. Брашното предходно го просејуваме на средина го ставаме квасецот,шеќерот и активираме со млака вода.Ја пишувам постапката онака како јас што ја подготвувам во тој момент, вие може да го активирате квасецот и во посебен сад (квасец,шеќер и млака вода пет минути да се активира),
Солта ја ставаме на краевите и полека мешајќи со дрвена лажица додавајќи вода замесуваме тесто, оставаме да стаса околу еден час.
2. Со мешавинта од двете брашна обилно ја посипуваме работната маса, со остар нож тестото го делима на два дела. Секој дел се врти во обратен правец (како да цедиме алишта) и веќе формирните лепчиња ги ставаме во добро загреан плех.
Може доколку сте во можност и не се брзате како мене ставете сад со вода во рерната за лебчето да има убава кора.
3. Лебот го печеме на 220 степени петнаесетина минути и намалуваме на 200степени половина час.
Печеното лебче го покриваме со крпа.
Забелешка
Целата постапка за замесување може да си ја упростите со статичниот миксер на делимано одличен е. Можете се разбира и да го замесите со сув квасец и работата ептен да си ја забрзате. Колку повеќе стасува толку повеќе имате шуплини во структурата на лебчето.
На здравје!!!