Похувани прсти од моркови
Состојки
- 4 моркови
- 1-2 јајце
- 50гр. брашно
- 50гр. лебни трошки
- 1литар вода
- сол по вкус, вегета, лук во прав, мелен црн бибер
- малку сусам
Подготовка
Интересна, здрава идеја за вкусно мезе. Најважно од се е што брзо се приготвуваат, а и брзо ги снема кај нас. Најмалите сигурно би ги сакале вака приготвени.
Најпрво, морковите се сечат по должина од околу 4-5 цм и ширина не повеќе од 1цм. Исечканите моркови се ставаат во еден литар вода, се посолуваат и се оставаат да се варат. Откако ќе омекнат (проверувате со виљушка, ако минува слободно низ парчињата, тогаш се готови) се вадат и се ставаат на кујнска крпа да се исушат. Се посолуваат, се зачинуваат и потоа ги похувате едно по едно парче. Прво ги ставете во брашно, па во разматеното јајце, па потоа во презлата во која сте измешале и малку сусам.
На крај ги пржите, на загреано масло добро да заруменат и ги оставета да се исцеди вишокот на маснотија.
Послужете со тартар сос и уживајте во необичниот вкус!
Забелешка- многу важно е да не ги преварите парченцата морков, доволно е само да омекнат. Во јајцето јас ставам повторно зачини (малку бел лук во прав, вегета и мелен црн бибер), но тоа е Ваш избор.