Видео рецепт: Пад таи
Состојки
- 1 пилешки стек (или свинско, телешко или ракчиња)
- 2 чешниња лук
- 1 зелена пиперка
- малку нудли
- чили сос
- перца од млад кромид
- 1 јајце
- никулци од зелен грав (по желба)
- дробени / сецкани кикирики
Фичо ќе ни покаже како да направиме едно од најпопуларните тајландски јадења – Пад Таи.
Подготовка
Чекор 1: Тавата ставете ја на рингла да се загрее. Во друг сад ставете вода и ставете го на рингла да проврие. Исецкајте го месото и пропржете го со ситно сечканото лукче. Ставете ги во сад на страна.
Чекор 2: Исецкајте ја пиперката, пропржете ја и неа тргнете ја на страна. Нудлите ставете ги во врелата вода да провријат 1 минути. Извадете ги нудлите и ставете ги врз пиперката, додадете малку чили сос и веднаш додадете го месото.
Чекор 3: Кога смесата ќе се загрее додадете го јајцето и промешајте со дрвена лажица. Ако имате никулци од грав, додадете една рака.
Чекор 4: Сервирајте во чинија и од горе наросете сецкани кикирики.
СОВЕТ: Ова е необично јадење за нашето поднебје, но вкусот ќе им се допадне на сите кои ја сакаат азиската кујна.