Испечати

Резанки со сос од зеленчук и фант

Резанки со сос од зеленчук и фант

Состојки

  • 500 гр резанки
  • 1 л вода
  • половина лажица сол
  • За сос
  • 300 мл млеко
  • 300 мл вода
  • 100 гр златна мешавина (пченка,морков,грашок)
  • 50 гр брокула
  • 1 лажица фант
  • 4-5 лажици зејтин

Подготовка

Ово рецепт најдобро е да го приготвите со резанки, но може и со друг вид тестенини по желба. Јадењево се приготвува брзо така што нема да ви оздеме многу време, а може да го послужите и како главно јадење.
1. Во тенџере на оган ставете ја водата и додајте ја солта и оставете да почне да врие. Откако ќе почне да врие додајте ги резанките и на среден оган оставете да се приготвуваат.
2. Во меѓу време во тава или тенџере на оган ставтете го млекото + 150 мл вода на среден оган. Додадете ги зејтинот, пчеката, грашокот, морковот и брокулата и оставете да почнат да вријат. Потоа навелете го на тивок оган додека да се сварат.
3. Фантот соединете го со преостанатите 150 мл вода и откако ќе се свари зеленчукот по малку додавајте во тавата и мешајте постојано додкеа да згусне.
4. Сварените резанки делете ги во 4 тањири подеднакво и ставете им од сосот со фантот. Декорирајте по желба...Добар апетит

Забелешка - ако сосот ви е густ може да додадете малку млеко или вода до посакуваната густина.