Испечати

Печени компири со копани

Печени компири со копани

Состојки

  • 6 копани
  • 1 кг компир
  • половина главица кромид
  • 1 среден домат
  • 1 средна пиперка
  • помалку од половина лажица сол
  • помалку од половина лажица мешан зачин
  • 2 лажици фант за ќебапчиња и плескавици
  • 4-5 лажици зејтин
  • 1 лажица кравја маст

Подготовка

Приготвувањето на овој рецепт трае кратко, а уживањето на трпезата верувам дека ќе трае долго. Станува збор за печен компир со копани готови за 1 час. Па еве како да ги подготвите.
1. Компирот излупете го и исечете го на подебели ленти па ставете го во еден сад. Над компирот ставете ги претходно исчистените копани.
2. Доматот, пиперките и кромидот исечете ги на ситни коцки и додајте ги во садот со компирот и копаните, па додајте ги солта мешаниот зачин и фантот.
3. Промешајте убаво да се соединат потоа во садот во кој ќе ги подготвувате ставете половина од компирот па 6-те копани па над копаните преостанатите половина компири.Водата што ќе остане во садот каде што сте ги соединувале додајте ја во садот во кој ќе се печат. На крај маста распоредете ја на неколку места и додајте го насекаде зејтинот.
4. Така подготвениот компир со копани поклопете го со друг сад за да се приготвува со пареата.
5. Ставете ги во претходно загреана рерна на 250С - 1 час. Откако ќе бидат готови оставете да отстојат 10 минyти па извадете го капакот и сервирајте. Добар Апетит....

Совет-по желба може да додадете и друг вид зеленчук како брокула,морков,карфиол,грашак,боранија,пченка....доколку сакате.