Скуша во пикантен сос
Состојки
- 2 скуши
- 1 китка магдонос
- 2 чешниња лук
- 30 гр смеса од зачини за риба
- 100 мл маслиново масло
- 200 мл бело вино
- За сосот
- 4 мали домати
- 1 пиперка
- 4 мали феферончиња
- 1 главица кромид
- 100 гр туна од конзерва
Подготовка
Скушата ја чистиме од внатрешноста и ја миеме со млаз вода.
Ја посолуваме.
Со мешаниот зачин за риба ја попрскуваме и во внатрешноста и на површината на рибата.
Оставаме 30 минути да впие.
Лукчето го сецкаме на многу ситни делчиња.
Магдоносот исто така го ситниме.
Додаваме рузмарин и морско оревче.
Помешуваме да се соедини, па со овој фил ја полниме скушата во внатрешноста.
Во тавата попрскуваме малку масло и ја ставаме тавата во рерна да се вжешти маслото.
Ја вадиме тавата и врз жешкото масло ја ставаме скушата,за да се запржи .
Полеваме една чаша бело вино и малку масло.
Печеме на тивко.
За подготовка на сосот
Кромитчето го сецкаме на многу ситно и го запржуваме на маслиново масло.
Откако ќе ја добие таа кристално прозирна боја, додаваме сос од домати.
Јас ги ставив доматите во апаратот за коктели ,додадов и една пиперка.
Доматната смеса ја додадов во кромитчето и пржев додека не се згусне.
Пред крајот се додаваат феферончињата кои се сецкани на кругчиња.
Го тргаме тавчето од оган и додаваме една паковка туна.
Промешуваме и сосот е готов.
Полејте го врз скушата или сервирајте одделно.
На здравје