Испечати

Вишновка

Вишновка

Состојки

  • 40 вишни (средна големина)
  • 9 лажици шеќер
  • помалку од 1 литар ракија 52 % vol

Подготовка

Вишновката ја правев на крајот на јуни на начин на кој редовно ја прави мајка ми, па иако сега не е сезона на вишни сепак решив да ја презентирам. Спремна за дегустација, убаво отстоена и многу вкусна.

Подготовката е едноставна
- Вишните се мијат, но не им се отстрануваат коските. Се ставаат во стаклено шише со зафатнина од 1 литар.
- Се става шеќерот, се протресува малку да се подизмеша шеќерот со вишните и се дотура ракија колку што е потребно да се наполни шишето и се затвара.
- Се става на место каде најмногу има сонце преку ден и стои најмалку 40 дена.
- Повремено се промешува за да се стопи шеќерот и колку повеќе денови стои толку поубаво стасува. Вишните не се вадат си стојат цело време во шишето, а можат да се употребат за колачи (нормално тогаш се вадат коските).
На здравје!