Испечати

Лимон коцки

Лимон коцки

Состојки

  • за подлога
  • 1 шола брашно
  • половина шола омекнат путер
  • 3-4 лажици шеќер во прав
  • 1 ванила
  • 1 лажица густин
  • за фил
  • 2 јајца
  • 2 лимони сок од два лимони
  • 2 лажици кисело млеко
  • 2 лажици брашно
  • 120гр шеќер
  • по желба жолта прехрамбена боја
  • по желба кора од лимон

Подготовка

Освежителен киселкаст десерт, многу лесен и брзо се прави.
Се меси тесто од брашното, густинот, шекерот и путерот. Се остава во фрижидер 15мин. Во тавче со димензии 23х23 се плеска тестото, се распоредува убаво, се става да се печи на 170 степени околу 12мин(тестото треба да остане бело)
Јајцата се матат со шеќерот, ванилата, се додава сокот од лимоните, киселото млеко, брашното, кората од лимон. Се додава над тестото и се враќа во рерна да се печи уште 15тина мин. Испечениот колач се остава убаво да се излади пред да се сечи.