Канелони со мелено месо
Состојки
- 16 цевчиња канелони
- за фил
- 350гр мелено месо
- 2 страка ситно сецкан праз
- 4 црвени пиперки
- 3 чешниња лук
- 4 лажици доматно пире
- 1 кесичка фант зачин за ќофте
- за бешамел сос
- 30 мл масло+ малку путер
- 2 лажици брашно
- 350мл млеко
- малку сол
- плус
- 200мл доматно пире
Подготовка
Се сецкаат ситно празот и пиперката. Празот се запржува на малку масло, се додава доматното пире, лукот, меленото месо и пиперките.Содржината од Фант кесичката се раствара со половина филџан вода, да стои 5мин, а потоа се додава во тавчето каде што се пржи месото. Откако убаво ќе се испржат се тргаат настрана и се оставаат да се изладат.
Со мала лажичка се полнат канелоните. На масло и путер се запржуваат 2 лажици брашно. Откако убаво ќе порумени се додава млеко и се меша додека не се згусни.Се додава и сол. Од бешамел сосот се додава малку во тавчето каде што ќе се печат канелоните, па се редат канелоните. Одозгора повторно се додава бешамел сос да ги покрие. Се печи на температура од 220 степени,15мин. Пред крај се додава 200мл доматно пире и повторно се враќа на оган.