Испечати

Празнична погача

Празнична погача

Состојки

  • 650 гр. брашно
  • 20 гр. свеж квасец
  • по 125 мл. вода и млеко (мешавина)
  • 50 мл. јогурт
  • 50 мл. масло
  • 1 јајце + 1 белка
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 70 гр. путер или маргарин
  • За премачкување
  • 1 жолчка

Подготовка

Оваа погача ми беше за денешниот празник

- Во млаката мешавина од вода и млеко растворете го квасецот.
- Во садот во кој ке месите ставете првично 600 гр. брашно, измешајте ги солта и шеќерот во него- додадете го веќе растворениот квасец, додадете ги сматени јајцето и едната белка, јогуртот и замесете тесто. Домесете со маслото. Ќе оцените ако е потребно ќе додадете уште остатокот од брашното - треба да добието меко, но не лепливо тесто. Оставете да одстои некои 10 мин. не повеќе. Поделете го тестото на четири еднакви дела. Секој дел расукајте го во кора со пречник од 25 см.
- Растопете го путерот или маргаринот и со четка премачкајте 3 кори, четвртатата не се премачкува. Наредете ги една врз друга.
- Вака наредени корите префрлете ги на хартија за печење која да е поголема од самата форма за печење ( 26 см).
- На средината од вака поставените кори ставете една мала чаша колку да ја истата обележите. Потоа исечете на 8 еднакви дела - до работ на чашата- средината останува не исечена. 
- Секоја осмина исечете ја на 3 еднакви дела - сплетете плетенки подвивајки ги краевите малку навнатре. Откако е сплетена погачата, со хартијата за печење преместете ја во модлата во која ќе се пече која претходно сте ја подмачкале со масло. Покријте ја и нека стаса, некаде околу 20 мин.
- Со четка премачкајте ја погачата со жилчката и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин.
- Декорирајте ја погачата по сопствен избор.
Забелешка 
Нема подобри фотографии затоа што веќе познато во просторија не можам да сликам, а надвор ме фати невремето, па немаше време за фотосесија на погачата.
- Јас би ви предложила да хартијата за печење ја ставите на цврста подлога додека да ја формирате погачата како би полесно било да се премести во самата модла. Само ја просто слизнете од подлога во модлата. Бидејки јас од брзање поради невремето не направив така малку се деформира додека ја преместив само со хартијата.
- Би ви советувала да откако ќе ги определите осмините, исечете 1/8 на три дела и сплетете ја плетенката, потоа исечете ја втората осмина и се така по ред. Ако ги исечете сите осмини на три дела за да плетете, додека една сплетете другите ќе ви залепат бидејки тестото нараснува. Најдобро е една по една, па слободно можам да предложам да се исечат и само четвртините, па потоа постапно да се сече осмината - па осмината на три дела и плетете... постапката повторувајте се додека не исплетете сите делови. Јас да предложам, вие како сакате.