Супа од телешка коска
Состојки
- 1 телешка коска
- 2 компири
- 4 моркови
- една рака фиде
- 1 целер
- 1 Jајце
- 1 мал кромид
- по потреба црн пипер во зрно и сол
Подготовка
1. Коската се мие и се вари еден час заедно со кромидот, црниот пипер и сол.
2. Коренот од целер се лупи и се ренда, а ливчињата се мијат и ситно се сецкаат. Морковите се сецкаат на полукругови, а компирите на коцкички.
3. Откако коската ќе се свари чекаме да се излади, па се вади сржта и месото оd неа, а чорбата се процедува преку ситна цедалка.
4. Во чорбата се додаваат морковите, компирите, коренот од целер и се вари 15 минути. Потоа се додава фидето, сржта и месото од коската, ливчињата од целерот и се вари уште 10 минути.
5. Се мати јајце и се додаваат 2-3 лажици млака супа, потоа смесата се истура во млаката супа.
Пријатен ручек! :)