Залиени гибанички со мелено месо
Состојки
- 1/2 кгр. кори за пита
- 1/2 кгр. мелено мешано месо
- 5 компира
- 1-2 моркова
- 5 главици кромид
- 1/3 од фантот за ќебапи и плескавици
- на вкус сол, магдонос, бибер
- За прелевање
- 3 јајца
- 200 мл. кислеа вода
- 200 мл. јогурт
- 100 мл. масло
- 1 лажичка сол
Подготовка
- Компирот и морковот изрендајте ги.
- Исецкајте кромидот, ставете да се пржи до омекнување, додадете го месото и продолжете да пржите. Кога месото веке е испржено, подлитје со према упатсвото спреманиот Фант за ќебапчиња и плескавици, измешајте да се спои и 2-3 минути нека продолжи да се динста. Додадете ренданиот компир и морков, измешајте.. тргнете од огнот.
Земете една од корите, попрскајте малку со зејтин, пресвијте ја на половина и ставете во некоја мала длабока чинија или филџан, форма што вие ќе си ја изберете. Направете уште една ваква кора, ставете ја исто така во садот што ќе ви биде модла. Наполнете со филот, преклопете ги краевите на внатре, превртете и ставете во подмачкано со масло тавче.
Така спремате се додека имате кори и фил.
Преливот
Измешајте со жица јајцата, јогуртот, киселата вода, маслото и додадете сол. Залијте ги добиените гибанички, оставете да одстојат 30 мин.
Нека се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, а потоа намалете ја на 180 степени. Готови се кога ќе добијат заруменета боја и преливот веќе е испечен.
Одлични за доручек, а зошто да не и добар ручек.
Напомена
- Вака припреманиот фил можете наместо во модли да ги редите корите така што постапката иста, две преклопени и со маслоо попрскани кори ќе ги ставите на дното од тавката, ставете фил врз нив, врз филот преклопени кори - две и така се додека се потрошат корите и филот. Пожелно би било да го поделите филот према бројот на корите како би ви дошло еднакво. Потоа исечете на квадрати и залијте. Постапката понатаму иста, да одстои 30 мин. и оди на печење.
Внимавајте на солта бидејки и содржината на фантот е солена.