Испечати

Ролнички од модар патлиџан

Ролнички од модар патлиџан

Состојки

  • 2 модри патлиџани
  • 400гр мелено месо
  • 1 кесичка фант
  • 200гр кашкавал
  • 1 главица кромид

Подготовка

Модриот патлиџан се сече на ленти по должина и се реди на хартија во плех. Се подпечува на 200степени 10 минути колку да омекне и да може да се свиткуваат ролничките.
Фантот се подготвува по упатството и се става во месото. Се додава и главица кромид изрендана многу ситно. Смесата се измесува и се прават мали ролнички колку ќебапчиња. Се зема парче од модриот патлиџан и врз него се става од ролничките месо. Се завиткува ролна и се редат во подмачкано тавче. Одкако ќе се наредат сите се попрскуваат со зејтин и се ставаат околу 30 минути на 200 степени да се печат. При крај се реди или ренда кашкавалот се враќа во рерна колку да се растопи и ролничките се готови. Одлични се и топли и ладни.