Салата од цвекло (зимница)
Состојки
- 4 кг црвени пиперки (ками)
- 2 кг цвекло
- 2 кг моркови
- 6 филџанчиња (100мл) масло
- 18 лажици прехрамбена киселина 9%
- 6 лаживи сол
- 200гр шеќер
- 1 конзерванс
- 1 главица лук
- 2 киски магдонос
Подготовка
Пиперките, испечете ги и излупете ги, а потоа исецкајте ги.
Цвеклото и морковите изрендајте ги на крупната страна на рендето.
Лукот и магдоносот ситно исецкајте ги. Тие се додаваат по желба и вкус. Сето ова измешајте го во длабока вангла или лонец.
Останатите состојки најпрво посебно измешајте ги, а потоа додадете ги и на крај се убаво измешајте. Покријте и оставете ја салатата да стои 20 часа пред да ја соберите во тегли. Во меѓувреме промешувајте. На крај, соберете ја салатата во чисти и суви тегли.