Испечати

Видео рецепт: Joркшир пудинг

Видео рецепт: Joркшир пудинг

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 мл. млеко
  • 200 гр. брашно
  • прстофат сол
  • сончогледово масло

Фичо ќе подготви интересно пециво, Јоркшир пудинг. Слично на она што се нарекува еклер тесто или крофна тесто, но со поинаква структура.

Подготовка

Чекор 1: Јајцата матете ги со жица. Додадете го млекото и продолжете да матите. Додадете го просеаното брашно во садот и продолжете да матите. Додадете прстофат сол. Матете додека не добиете смеса погуста од смесата за палачинки.

Чекор 2: Во калапите ставете околу 1 см масло. Користете сончогледово масло бидејќи поднесува висока температура и не гори лесно. Калапите со масло ставете ги во рерна на 190 степени 15 минути да се вжештат.

Чекор 3: Секој калап полнете го од прилика 80%. Додека ги полните калапите, смесата се готви и се полни веднаш со воздух. Внимавајте кога ќе ги полните калапите смесата да не се лепи по страните на калапот. Доколку се залепи по страните, нема да може да нарасне, а потребно е да порасне што е можно поголема.

Чекор 4: Печете на 190 степени околу 20-25 минути. Ќе внимавате да добијат убава златна боја.

Чекор 5: Сервирајте по желба!

СОВЕТ: Вкусот е неутрален, па може да го служите со солен додаток, како што тоа го направи Фичо, или пак со мед, џем, или крем..