Солена Добош торта
Состојки
- За палачинки
- 3 јајца
- малку сол
- 1 литар млеко
- 20 лажици брашно
- прстофат сода бикарбона
- 1 мал финџал (85мл.) масло
- *По потреба се зголемува брашното се додека не се добие нормално густа смеса за палачинки
- За фил
- 500гр. тврдо бело сирење
- 200мл. кисела павлака
- 100-200гр. ситно сецкани ореви
- по вкус мелен црн пипер
- по потреба масло
- За прелив
- 1 јајце
- 200мл. кисела павлака
- 100гр. рендан кашкавал
Подготовка
Од наведените состојки се прави смеса за палачинки на тој начин што благо се матат јајцата и солта со миксер. Потоа се додава половина од млекото и брашното, се мати за да нема грутчиња. Се додава и другата половина од млекото, брашното и содата бикарбона, се мати. На крајот маслото. Се меша со кутлача и се остава смесата да одстои најмалку 30 минути. Потоа се прават палачинки, околу 15-16 излегуваат.
За филот сирењето се пасира со вилушка.Се додава киселата павлака и ситно сецканите ореви. Се зачинува со црна пипер.
За преливот јајцето се разматува, се соединува со киселата павлака и се додава ренданиот кашкавал.
Финална постапка
Секоја од палачинките се попрскува со масло и се премачкува со филот. Се редат една врз друга во намрсена тава. Последната не се филова, туку се прелива со преливот.
Се печат на 200 степени додека порумени горниот слој во претходно загреана рерна.
На здравје!