Пиперки во павлака
Состојки
- 3 супени лажици сол
- 4кг павлака
- 3кг пипер
Подготовка
Се чистат пиперките од семето и во секоја пиперка поединечно се става по 1/2 лажичка сол и се оставаат исправени 1 час да постојат. По 1час се превртуваат за да се исцеди водата која ќе се насобере во нив. Настрана се мати павлаката со 3 супени лажици сол. Потоа се полнат пиперките со павлака и се ложат во пластичните од павлака. Се става прво неколку лажички павлака на дното па ред пиперки и се така додека да се наполни пластичното. Последен слој е павлака која се измазнува убаво за да не се гледаат пиперките, се затвора пластичното и се остава во фрижидер 2 недели да стаса.
Прв пат го правам рецептот и денеска пробав преубаво е, маж ми ги обожава. Инаку рецептот може и со гамби да се прави.