Мармалад од рерна
Состојки
- 3 кг модри сливи
- 1 кг круши
- 1,2 кг смокви
- 0,5 кг јагоди
- 1,2 кг шеќер
- 70 мл јаболков оцет
Подготовка
За овој мазен мешан мармалад готвен во рерна голема работа заврши нутрибулетот.
Подготовка
Сливите и крушите ги чистиме од семки. Целото овошје го мелеме во нутрибулетот. Заедно со оцетот и половина од шеќерот го ставаме во рерна. Повремено промешуваме.
Откако ќе се вари околу еден час ја ставаме и останатата половина шеќер. Го доваруваме. Вкупно време на варење нешто повеќе од два часа.
Го ставаме во суви тегли, цврсто ги затвораме капаците.
Околу 7 тегли излегоа од мармаладов.