Испечати

Англиски бисквити - кукис

Англиски бисквити - кукис

Состојки

  • 100грама сецкано чоколадо
  • 100гр сецкани ореви
  • 50гр сецкано суво грозје
  • 1 маргарин
  • 450гр брашно
  • 2 јајца
  • 150гр шеќер
  • 1/2 пециво

Подготовка

Во сад се матат со миксер јајцата и шеќерот додека да се растопи. Потоа се додаваат сите состојки, а маргаринот се растопува и со него се замесува тесто од состојките. Се расукува кора и се сечат со калап, се печат на 180 степени околу 20мин