Сендвич кифли со кисела павлака
Состојки
- 600-700гр. брашно
- 1/2 прашок за пециво
- 1 свеж квасец
- 1 лажичка сол
- 100мл. масло
- 1 чаша(120мл)кисела павлака
- 200мл млеко
- 1 лажица шеќер
- за премачкување
- 1 жолчка
- малку млеко и крупна сол
Подготовка
Подготовка.
1. Во млакото млеко го подмесуваме квасецот
со лажичка шеќер и брашно.
2. Во сад во кој ќе ги месите кифлите го ставаме брашното,солта,пецивото,маслото,к.павлака и замесуваме
со млеко средно меко тесто.
Тестото го покриваме и оставаме еден час да стаса.
3. Од стасаното тесто кинеме мали топки кои убаво со раце ги
формираме и ставаме во големата ростер тава.
Топките ги сечеме со ножици и ги премачкуваме со жолча и млеко,
посолуваме со крупна сол.
4. Кифлите ги печеме половина час на 200степени додека не добијат убава златна боја.
Уживајте!!!