Куглов со банана и сецкана чоколада
Состојки
- 3 јајца
- 200гр. путер
- 1 чаша(200мл)шеќер
- 2 банани
- 2 чаши(200мл)брашно
- 1 пециво
- 1/2 чаша(200мл)млеко
- 170гр. сецкана чоколада или чоколадни трошки
- 1 ванилин шеќер
Подготовка
Подготовка.
1. Изматете ги јајцата заедно со шеќерот додадете го путерот кој ви бил на собна температура, испасираните две банани, брашно, млеко, прашок за пециво, ванилин шеќер и сецканата чоколада. Измешајте ја смесата со шпатула убаво да ви се соединат сите состојки.
2. Смесата сипете ја во подмачкан силиконски калап за куглов и печете на 180 степени 45минути(можете тестото да го проверувате со чепкалка дали е печено во внатрешноста).
3. Кога кугловот ни е готов додека сеуште е млак префрлете го во тањир.
На здравје!!!