Едноставна штрудла со мармалад
Состојки
- 500гр. брашно
- 250мл. млеко
- 100мл. масло
- 2 јајца
- 1/2 свеж квасец
- 1/2 лажичка сол
- 3 лажици шеќер
- мармалад со м.сливи и јагоди или по желба
- за премачкување
- 1 жолчка
- 1 лажичка масло
Подготовка
Подготовка
1. Во 250мл. млако млеко ставете го квасецот и додадете му лажица шеќер и лажица брашно промешајте и оставете петнаесетина минути да надојде.
Во брашното ставете го подмесениот квасец, јајцата, масло, шеќер и сол.
Замесете средно меко не лепливо тесто.
2. Тестото поделете го на два еднакви дела, покријте го со крпа и оставете еден час да стаса.
3. Двете теста расукајте ги на работна маса во правоаголна форма. Тестата премачкајте ги со мармалад и мотајте ролат кој ќе го ставите во подмачкана тава.
Пред печење ролатите премачкајте ги со жолчка и малку масло.
Печеме на 200степени околу 45 минути.
4. Готовата штрудла премачкајте ја со вода со помош на силиконска четка и покрите ја со крпа.
Ролатите посипете ги со шеќер во прав и послужете.
Уживајте!!!