Ќофтиња во доматен сос со печурки
Состојки
- 500гр мешано мелено месо
- 1 кесичка Фант зачин за ќофте
- 1 јајце
- 3-4 лажици овесни снегулки
- половина главица кромид
- 2 чешниња лук
- за доматен сос
- 1 лажица брашно
- 300мл доматно пире
- 250гр шампињони
- по вкус сол,црн пипер
- малку лук во прав
- малку сушен магдонос
Подготовка
Содржината од Фант кесичката се става во 100мл млака вода да отсои неколку минути. Кромидот и лукот ситно се сецкаат и се додаваат во меленото месо. Се додава и јајцето и фант зачинот. Овесните снегулки кратко се бледнираат и тие се додаваат во меленото месо. Со намрсени раце се формираат топчиња и се редат во намрсен плех. Се ставаат во рерна на 220 степени. Се печат околу 25-30мин.5 мин пред крајот над секое ќофте се ренда по малку кашкавал.
Доматен сос
На малку масло се запржува 1 лажица брашно, додека не добие убава златна боја, потоа се додава доматното пире мешајки постојан. Се додаваат печурките,сол,црн пипер,лук во прав и сушен магдонос. Се вари околу 5мин со постојано мешање.
На чинија за сервирање ќофтињата се сервираат со доматниот сос со печурки и пире од компири.