Испечати

Плетенка со крем од ванила

Плетенка со крем од ванила

Состојки

  • Тесто
  • 4 чаши брашно
  • 250 мл. млеко
  • 2 жолчки
  • 2 големи лажици путер
  • 1/2 пакетче (20 гр) свеж квасец
  • 1/3 чаша шеќер
  • Крем
  • 2 јајца
  • 4 големи лажици нишесте
  • 300 мл. млеко
  • 4 големи лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер или една мешунка ванила
  • Додатоци
  • 50 гр. суво грозје
  • 3-4 големи лажици кокос

Подготовка

Половина од млекото се загрева, се додава 1 лажица шеќер и квасецот и се оставаат додека квасецот се активира. Во длабок сад се става брашното, се додава шеќерот, солта и се додаваат течните состојки (квасецот, остатокот од млекото - малку затоплено, двете жолчки и растопениот путер). Се прави тесто кое што се остава да се удвои (40 -50 минути на топло).
За тоа време се приготвува кремот.
Во едно тенџерче се ставаат двете јајца, шеќерот, ванилата и нишестето и сето се меша до хомогена смеса, потоа се додава и млекото и се става на оган и се вари додека да се згусти.
Готовото тесто се дели на 4 еднакви дела и секој дел се расукува на кора, се мачка со кремот и се додава суво грозје, се витка ролат, кој се сечи по должина и се формира плетенка. Одозгора се додава кокос и суво грозје.
Се печи на 180 степени за 30 минути.
Од тестото се добиваат 4 плетенки од по 30 цм.