Макарони со домашна салца и пилешко
Состојки
- 500гр. макарони
- 350гр. пилешки гради
- 1 средна главица кромид
- 10тина кисели краставички
- 500мл. домашна салца
Подготовка
Ветив рецепт со домашната салца, па еве во комбинација со неколку состојки си добив вкусни тестенини.
Најпрво, состојките (пилешките гради, кромидот и киселите краставички) ги сечкате на парченца со средна големина.
Потоа следи приготовката на сосот- прво на загреано тавче го пропржувате кромидот, па ги додавате сецканите пилешки гради. Оставете да зарумени малку, па во тавата ја истурате салцата. Во меѓувреме додека го приготвувате сосот во тенџере налевате 5литри вода да зоврие со сол и откако ќе почне да врие се варат макароните во неа околу десетина минути.
Сосот е доволно малку да прокрчка, околу десетина минути на среден оган, додека се варат макароните.
Макароните се прецедуваат и во тенџере се замешуваат заедно со сосот. На крај ги додавате и киселите краставички во макароните, па служите во чинија.
Мојата чинија малку поголемка, но од оправдани причини- бидејќи сум голем љубител на тестенини.
Добар апетит!