Испечати

Кремаст чоколаден колач

Кремаст чоколаден колач

Состојки

  • За пандишпан
  • 3 белки
  • 100 гр шеќер
  • 3 жолчки
  • 50 гр шеќер
  • 100 гр брашно
  • 1/2 пециво
  • 1 лажица какао
  • 75 мл масло
  • За попарување
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • За фил
  • 500 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 6 лажици густин
  • 3 жолчки
  • 2-3 лажици шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 125 гр путер
  • 75 гр шеќер во прав
  • 100 мл слатка павлака

Подготовка

Кога за првапат го пробав колачов се воодушевив, кремаст, со сочен прелиен пандишпан, чоколаден, не пресладок. Најчесто го правам во големо тавче, а сега состојките ги преполовив, па немаат сите големо семејство. Ама кога ќе го пробате и вие ќе правите дупла доза, длабоко верувам во тоа.
Рецептов за оваа торта-колач ми е од мојата пријателка Соња, на која и заблагодарувам за прекрасниот рецепт.

Подготовка
1. Белките ги матиме посебно со шеќерот. Жолчките посебно исто со шеќерот кој во состојките е напишан под нив. Ги соединуваме двете смеси. Брашното, пецивото и какаото ги промешуваме, па ги додаваме постепено на соединетата смеса со лесно мешање, а тука го ставаме и маслото.
2. Смесата ја истураме во тавче со димензии 23х35 см, кое е намрсено и набрашнето, па печеме на 200 степени.
3. Пандишпанот го ладиме, па го попаруваме со стопеното чоколадо во загреано млеко, заедно со рум и шеќер. Оставаме да впие убаво, а за тоа време го подготвуваме филот.
4. Жолчките, густинот, шеќерот со дел од млекото ги разматуваме убаво. Млекото и шеќерот ги ставаме да почната да вријат. Ја ставаме смесата со жолчки, ја намалуваме температурата и со постојано мешање со рачна маталка, мешаме додаека да згусне филот. На крајот го додаваме чоколадо и мешаме додека да се растопи.
5. Оставаме да се лади и потоа ги соединуваме со путерот и шеќерот во прав кои пенасто сме ги изматиле.
6. Го распоредуваме внимателно филот врз тортата, го оставаме да се стегне убаво, па со изматената слатка павлака ја филуваме.

Забелешка
Ако ви треба поголема доза од колачов или тортава, како сакате викајте ја, во тој случај зголемете ја дозата дупло и печете во тавчето со големина на рерна. Испробано и така, зошто пак ептен е вкусна, кремаста и на нас ни е многу „скромна“ дозава.
Ви треба длабоко тавче затоа што колачот останува во него, не се филува надвор на друг тањир или слично.
Можеби ќе треба подолго време да впие „шербетот“ од млеко и чоколадо. Јас едно време овој првиот дел го подготвував од навечер, а утредента ја филував тортата.
Од белките што ќе ви останат направете си некој колач, пуслици или слично, има рецепти овде на Моирецепти.