Видео рецепт: Aфион полжавчиња
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 100 гр. свинска маст
- 70 гр. шеќер
- 1 јајце
- 230 гр. брашно
- 1 ванилин шеќер
- кора од лимон
- прстофат сол
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 200 гр. мелен афион
- 4 лажици шеќер
- 130 мл. млеко
Денес ќе готвиме заедно со Катерина, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Aфион полжавчиња.
Колачиња со тесто слично на ванилици, и фил од афион и млеко, направени во форма на двобојни полжавчиња.
Подготовка
Чекор 1: Прв подгответе го филот. Во садот ставете ги млекото, шеќерот и мелениот афион. Варете ги 5 минути, односно додека смесата да згусне. Оставете да се излади.
Чекор 2: Ставете ги брашното, шеќерот, маста ванилиниот шеќер, кората од лимон јајцето и малку сол во сад за матење. Наместо маст може да користите путер. Замесете тесто кое не лепи на раце. Ако е потребно додадете брашно. Поделете го тестото на два дела и исукајте ги во кори со дебелина од 1см.
Чекор 3: Секоја кора премачкајте ја со половината од филот и замотајте ролат, па оформете го да биде со еднаква дебелина. Ставете ги ролатите десетина минути во замрзнувач да се стегне маста.
Сечете парчиња со дебелина од 5 милиметри и редете ги во тавата.
Чекор 4: Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени.
Потоа сервирајте!
СОВЕТ: Ако не ви се доволно благи колачињата, може да ги наросите со малку шеќер во прав.