Ролат со макарони и мелено месо
Состојки
- 1 парче-250гр. лиснато тесто
- За фил
- 250гр. ситни макарони
- 500гр.мешано мелено месо
- 1 ќесичка Фант за ќофте
- 100мл. млака вода
- 3 разматени јајца
- 100гр. рендано сирење
- по потреба масло
Подготовка
Вкусна комбинација на тестенини и мелено месо, кое со додатокот на Фант има фантастичен вкус...
Топло ви ја препорачувам.
Најпрво ги ставаме макароните да се сварат во зовриена и посолена вода.
Се истура водата во која се вареле, се плакнат со ладна вода и убаво се цедат.
Фантот го раствораме со 100мл. млака вода (према упатството).
Го додаваме во меленото месо, убаво изедначуваме, да добиеме хомогена смеса.
Вака добиената смеса ја пропржуваме на плитка мрснотија и оставаме да излади.
Во макароните го додаваме изренданото сирење и разматените јајца.Го додаваме и меленото месо.Се убаво соединуваме, мешаме.
Претходно одмрзнатото лиснато тесто го развлекуваме на набрашнета подлога во големина со која можи да обложиме правоаголен калап за печење.
Намрсениот калап го обложуваме со тестото.Внимаваме да има дел од тестото да виси нанадвор. Го полниме со подготвениот фил. Краевите ги ставаме над филот, премачкувајќи ги со малку водичка, убаво да се преклопат, за да не ни се отворат при печењето. Појасно е ако ги погледнете дополнителните фотки.
Се става да се пече во загреана рерна и тоа на 220 степени за време од 30-40 мин., зависно од вашата рерна.
На здравје!
И да додадам поубаво се сече кога добро ќе излади.