Испечати

Намаз со индиски ореви и модар патлиџан (зимница)

Намаз со индиски ореви и модар патлиџан (зимница)

Состојки

  • 2кг морков
  • 4кг модар патлиџан
  • 100гр индиски ореви
  • 500мл зејтин
  • 1 лажица сол
  • 3 лажици сенф
  • 1 лажичка кари
  • 2 лажици мелено ленено семе

Подготовка

Морковот се вари и се миксира. Јас го искористив чоперот и гурметот за овој намаз и верувајте полесно и побрзо досега немам направено ништо слично.
Модрите патлиџани се мијат и се редат во плех. Се печат на 200 степени околу 35 минути, а потоа се лупат и се миксираат во чоперот.
Исто се миксираат и индиските ореви.
Во подлабока шерпа(Гурмет) се истура зејтинот да се загрее, а потоа се додаваат модриот патлиџан и морковот. Се пржи со постојано мешање на повисока температура околу 1час. Се додаваат оревите, солта, лененото семе, сенфот и карито и се пржи уште половина час. Се собира во загреани врели тегли-врело на врело.
Прекрасен вкус и по барање на децата малку поздрави домашни намази без конзерванси и др додатоци. Не е реклама ниту за гурметот ниту за чоперот, но навистина садовите си го заслужуваат своето место во кујната.