Испечати

Домашен бурек со месо

Домашен бурек со месо

Состојки

  • 500гр готови кори
  • 300гр мелено месо
  • 1 средна главица кромид
  • 250мл вода
  • 125мл масло
  • по потреба сол,црн пипер

Подготовка

Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме на масло. Откако ќе омекне го додаваме меленото месо, го пржиме, додаваме сол и црн пипер. Маслото го мешаме со водата и посолуваме.
Во намрсено тавче број 26 редиме 2 кори така што краевите да излегуваат од тавчето со нив на крај ќе го затвориме бурекот. Редиме 3 згужвани кори попрскуваме, ставаме 1/3 од месото потоа повторно уште 3 згужвани кори, порскуваме, месо и така додека не се потрошат корите. На последните 3 кори не се става месо. Се затвора со краевите од првите 2 кори, се премачкува со маслото и водата и се става да се печи во загреана рерна на 180 степени околу 20мин.