Ликер со јагоди
Состојки
- 1л. ракија
- 1кг. јагоди
- 500гр. шеќер
- 400мл. вода
- по желба малку рум и цимет
Подготовка
Во ракијата ги ставаме јагодите. Јас користам стаклени шишиња и јагодите ги сечкам на поситно за да влезат во тесниот отвор. Шишињата убаво ги затвараме и оставаме триесет до четириесет дена на прозор да стојат.
Во тенџере на шпорет го подготвуваме шербетот нека поврие пет минути.
Оставаме да се излади и го сипуваме во процедениот ликер. Доколку сте љубители на појак ликер тогаш намалете на количината на шербет пробувајте и ќе си ја добиете посакуваната јачина. Во ликерот може да ги додадете и јагодите предходно испасирани во нутри булетот. По желба може да си додадете рум или цимет.
Уживајте!!!