Слатко од јаготки
Состојки
- 1 кг јаготки
- 800 гр шеќер
Подготовка
Јаготките се мијат и се цедат. Во тенџере во кое ќе го варите слаткото, ставајте ред јаготки, ред шеќер. Оставете ги така преку ноќ, да се стопи шеќерот (не мора целосно)
Другиот ден, ставете го тенџерето на рингла да се вари.
Немојте да мешате, тенџерето може само малку да го протресувате.
Пената која ќе излезе вадете ја.
Се вари отприлика 40 минути.
Тргнете го тенџерето настрана, покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го така се додека не се исуши крпата.
Вратете го уште еднаш на оган, само да зоврие и соберето го слаткото во суви тегли. Затворете ги теглите и превртете ги со капакот надолу. Нека стојат така додека не се изладат.