Испечати

Мешан мармалад (модри сливи, смокви и круши)

Мешан мармалад (модри сливи, смокви и круши)

Состојки

  • 3 кг модри сливи
  • 1 кг свежи смокви
  • 1 кг круши
  • 500 гр шеќер
  • 1/2 шоља јаболков оцет

Подготовка

Есенската подготовка на зимница ми претставува големо задоволство. Ова е овогодишниот мармалад од мешано овошје, кој излезе многу вкусен.
Поздрав до мојата пријателка Виле која ми посочи дека комбинацијата на модри сливи со смокви е преубава, па така се одлучив да го сменам класичниот рецепт за мармалад со модри сливи со овој преубав мешан мармалад.

При подготовката голема работа заврши блендерот.
Сливите ги чистиме од семка и ги мелеме во блендер. Ги мелеме и крушите се разбира без семките, како и целите смокви. Ги промешуваме состојките, ставаме оцет и го ставаме тенџерето во рерна на 250 степени. Откако ќе почне убаво да врие, ја намалуваме температурата на 200 степени.
Од моментот на ставање во рерна на овој мармалад му беа потребни точно 2 часа за да се свари. Го ставаме во чисти и суви тегли и добро ги затвораме капаците.

Забелешка
Овошките беа благи, па ставив шеќер онолку колку што е напишано. Смесата ми беше малку сува, па за да не загори на половина од варењето додадов една шоља вода.
Ако немате блендер ќе заврши работа и машинката за мелење месо.
Потребно е два до три пати да ја промешувате смесата додека се вари.
Првично планирав да правам џем, па ги сечкав на четвртинки сливите, како што правам секојпат, ама се одлучив на ваква солуција, за да нема парчиња од нив низ мармаладот, па да има „бунтовници“ низ дома.