Чоколадна сунѓер торта
Состојки
- тесто
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 2 лажици какао
- 4 лажици брашно
- Фил
- 1л. млеко
- 3 пудинг од чоколада
- 100гр. чоколада за готвење
- 250гр. шеќер во прав
- 250гр. путер
- 1 шлаг крема
- 150мл. млеко за шлагот
Подготовка
Торта која би можеле секој ден да ја јадеме,омилена на моите домашни и на нашите пријатели. Едноставна за подготовка, едноставни состојки меко и вкусно тесто со суѓереста структора со едноставен пудинг крем...
Подготовка
1. Во два различни пластични сада ги оделуваме белките од жолчките.
Белките ги матиме во цврста пена потоа една по една додаваме три лажици шеќер.
Жолчките ги матиме заедно со преостанатите три лажици шеќер.
Двете смеси ги мешаме со шпатула пополека додавајќи го какаото и брашното.
Смесата ја сипуваме во големата делимано тава премачкана со масло и печеме на 180степени половина час.
Тестото со шпатула го поминуваме по краевите и превртуваме на послужовник, сечеме на три идентични теста.
2. Од млекото оделуваме 200мл. и во него ги мешаме трите пудинга. Млекото од како ќе зоврие полека го сипуваме пудингот го додаваме и чоколадото мешаме додека не добиеме густ крем. Изладениот крем го матиме со миксер заедно со предходно изматениот путер и шеќер во прав.
Тортата ја филуваме со кремот и на крај ја филуваме со изматениот шлаг крем.
Изладете и уживајте!!!