Овошна пита со сливи и јаболко
Состојки
- 500гр. кори за пита
- 200мл. масло
- 100гр. лебни трошки(презла)
- 100гр. сусам
- 1кг. јаболки
- 8-10 модри сливи
Подготовка
Подготовка
Лебните трошки заедно со сусамот ги мешаме во посебен сад.
Јаболкото го лупиме и заедно со модрите сливи ги блендираме.
Кој е љубител на слатко може во нив да си додаде шеќер и да си ја заблажи смесата.
Еден ролат го подготвуваме со три кори Секоја кора ја попрскуваме со масло посолуваме од сувата смеса и на третата последна кора го додаваме филот на краевите и мотаме ролат.
Ролатите пред печење ги сечеме. Печеме на 200 степени петнаесетина минути потоа намалуваме на 180 степени додека не се добие убава златна боја.
Забелешка
Ролатите ги печев во големата ростер тава може да ја премачката со масло доколку сакате.Пред печење премачкајте ги со растопен путер доколку не сте љубители на зејтин(масло)заменете го целосно со 200гр.путер.