Џем од црни сливи
Состојки
- 3 кг. модри сливи
- 750 гр. шеќер
- 2 кесички (20 гр.) рум шеќер
- малку лимонтус
Подготовка
Сезона на црни сливи, па еве го и мојот џем од црни сливи како потсетување, иако веќе има неколку слични веќе презентирани.
1. Црните сливи се мијат, се сечат на пола и им се вадат коските.
2. Во соодветно подлабоко тенџере или пекач како мојот, се ставаат ред сливи, ред шеќер, наизменично додека има материјал и се остава така да стои околу половина час.
3. После ова време пекачот се става во рерна која ја вклучуваме на 200 степени.
4. По некое време кога сливите ќе пуштат сок се промешува малку, а во текот на печењето се промешува уште неколку пати по потреба.
5. После час и половина се става рум шеќерот и се распоредува малку лимонтус рамномерно, се измешува убаво и се допечува додека да се постигне посакуваната густина (сметајќи дека кога ќе излади џемот ќе биде погуст).
6. Џемот се собира топол во стерилизирани тегли или пак јас дел од џемот изладен го собирам во мали пластични садови и го ставам во ладилник.
Едноставен, лесен и вкусен за правење, а за време на пости одличен како оброк или десерт.