Испечати

Патка магрет со сос од портокал

Патка магрет со сос од портокал

Состојки

  • За магрет
  • 4 стека од патка со кожата
  • За сос
  • 4 главици шалот
  • 1 и 1/2 чаша црвено вино
  • 2 големи лажици ликер од портокал
  • 2 чаши цеден сок од портокал
  • 2 мали лажички мед
  • 1 пилешка коцка
  • 1 голема лажица путер
  • За морковите
  • 4 моркови
  • 2 големи лажици путер
  • 2 мали лажички шеќер

Подготовка

Еден прекрасен рецепт од француската кујна. Малку комплициран, како и повеќето рецепти од оваа кујна, но вреди да се проба.
Кожата од стекот се сечи на ромбови и се внимава да не се пресечи месото. Се става во не загреано тавче со кожата надолу на средна температура. Месото се готви од страната на кожата се додека не се стопи поткожната мазнина (4 - 5 мин.), потоа месото се запекува од сите страни за не повеќе од 5 минути вкупно. Месото се остава во чинија и се започнува со подготовка на остатокот од рецептот.

Сосот - шалотот се сецка ситно и се запржува за кратко, се додава црвеното вино и ликерот и се остава да изврие половина од течноста, потоа се додава сокот од портокал, медот, солта, мајчината душица и коцката (растворена во 400 мл. вода). Се остава на тивок оган да изврие до средно густ сос и потоа се прецедува. На прецедениот сос се додава путерот и се меша постојано се додека не се растопи.
Морковите се лупат, се сечат на парчиња од по 2 - 3 цм. и се оформуваат како буренца. Во тенџере се става путерот, потоа се додаваат морковите и шеќерот, сето се запржува додека се растопи шеќерот, потоа се додава вода колку да ги покрие морковите, се додава сол и се остава на среден оган да испари водата. Морковите се карамелизираат и се тргаат од оган.
Рерната се загрева на 200 - 210 степени, месото се посолува, се додава црн пипер и се става во рерната со кожата нагоре. Во зависност од тоа колку испечено го сакате се печи 6 - 7 минути за средно испечено или 12 - 15 минути за добро испечено. Откако ќе се извади од рерна се остава да одмори 7 минути. Стекот се сечи со остар нож и се сервира, врз местото се тура сосот и морковите.