Испечати

Грицки со ким и кашкавал

Грицки со ким и кашкавал

Состојки

  • 150 гр брашно
  • 50 гр путер
  • 1 рамна лажичка пециво
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1 лажица масло
  • околу 50 мл вода
  • 30 гр рендан кашкавал
  • 1/2 кесичка ким
  • путер и сол за премачкување

Подготовка

Ова се одлични грицки или соленки што може да послужат за многу пригоди, прослави како и домашни дружења.

Подготовка
Најпрво вклучете ја рерната да се загрева.
Измешајте ги сувите состојки, па додадете го путерот. Втрлувајте ја смесата помеѓу рацете за да добиете трошкасто тесто.
Нарендајте го кашкавалот и додадете го кимот. Додадете го маслото и постепено водата, па замесете тесто.
Расукајте го колку што можете потенко на брашнета површина. Со модли вадете крекери кои ќе ги избоцкате со вилушка на неколку места. Ставајте ги во намрсено тавче и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
Откако ќе се испечат премачкајте ги со стопен путер, а ако сакате да ви бидат посолени ставете и сол во путерот.

Забелешка
Ако имате модла за крекери уште поубави, лични излегуваат. Јас немав па ги правев во различни форми, па ми дојдоаа како соленки грицки.