Колач со модри сливи и пиво
Состојки
- 400 гр модри сливи
- 1 пециво
- 1 ванила
- 160 гр кафен шеќер
- 125 гр путер
- 2 јајца
- 200мл пиво
- 250 гр брашно
- 1 лажиче мешани зачини за суви колачи
Подготовка
Сливите ги миете и ги делите од семката.
Сецкајте ги на даска на лентички.
Тавата премачкајте ја со путер и редете ги сливите на тавата.
На страна во сад промешајте ги путерот со кафениот шеќер и јајцето.
Потоа додавајте пополека од пивото, а на крај додајте ги сувите состојки (брашноото,пецивото и мешаниот зачин со ванилата).
Со лажица пополека нанесувајте врз сливите и размачкајте го убаво да се покријат сливите.
Печете во загреаната рерна.
Откако е печен колачот извадете од рерна и оставете да излади.
Сечете на коцки и служете.
Ако сакате можете да го попрскате со маџун или пак да наросите со шеќер во прав.
На здравје