Мармалад од црни сливи без шеќер
Состојки
- 2,5кг зрели црни сливи
- по желба ванила
- 1 лажичка ѓумбир во прав или свеж рендан ѓумбир
- прстофат сол
Подготовка
Превкусен мармалад без шеќер, сега можам да јадам без грижа на совест. Не е воопшто кисел, баш има супер вкус, децата ке го обожаваат.
Се мијат црните сливи, се вадат семките, се сечат на половина, се ставаат во длабок сад(сад со кој можете да печете во рерна) ја вклучувате рерната на 200 степени и ги ставате сливите.Промешувате 2-3 пати. По 1 час печење додавате ванила и ѓумбир. Го оставате уште половина час или додека не ја добиете посакуваната густина. Мармаладот го миксирате со миксер или со блендер (веднаш ќе се направи мазна смеса) или го оставате таков како што е.
Од оваа доза ми излегоа 4 теглички од по 440грама.