Панакота (од готов прашок)
Состојки
- 150 гр прашок за пана кота
- 400 мл млеко
- 400 мл слатка павлака
- 3-4 лажици фарситура (желиран гел) од малини
- 1 пакетче прашок за желе од лимон
Подготовка
Прашокот за панакота измешајте го во млекото. Слатката павлака ставете ја на среден оган да се загрее. Кога ќе дојди пред точка на вриење, додадете го растворениот прашок и мешајте/варете на сличен начин како пудингот, со таа разлика што овде нема да дојди до згуснување на смесата како пудинг, ами како течна смеса за палачинки. Тргнете на страна и оставете 5-10 минути со повремено мешање да подолади, па потоа сипете во стаклени чаши или чинии.
Кога сосема ќе излади, ставете ја неколку часа во фрижидер или најдобро преку ноќ.
Откако ќе се здрви, нанесете мал слој од фарситурата или ако немате тоа, можи и некој ваш омилен мармалад, па врз сето тоа прелијте со желето од лимон или некој друг вкус по желба, спремено спрема упатството на кесичката.
Оставете уште неколку часа во фрижидер додека се зацрврсти желето па послужете и уживајте.