Испечати

Полнети школки со ориз

Полнети школки со ориз

Состојки

  • Потребни состојки
  • 500 гр. пресни школки со черупка
  • 150 гр. ориз
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 1 млад кромид
  • 1 домат
  • 1 и 1/2 Чашаи бело вино

Подготовка

Школките се мијат убаво за да се исчистат од песокот и се ставаат во тенџере со малку вода, се ставаат на оган за околу 5 минути додека се отворат.
Во тавче се става маслиновото масло и во него се запржува насечканиот кромид и лук, потоа се додава оризот и ситно наренданиот морков и на крајот се додава насечканиот домат, солта, црниот бибер, магдоносот и половината од виното.
Оризот со зеленчуците се трга од оган кога течноста ќе испари (оризот не треба да биде сварен целосно).
Отворените школки се полнат со по една лажичка ориз. Се редат една до друга во тава се додава уште малку масло, останатото вино и 1 чаша од водата од сварените школки.
Тавата се покрива со капак или фолија и се става во рерна на 170 степени за 30 минути.
Чаша - 240 мл.
Може да се додаде лимон по вкус.

Прекрасен медитерански вкус.