Чоколадна торта со свежи смокви и фил од крем сирење
Состојки
- тесто
- 7 белки
- 7 лажици шеќер
- 4 свежи смокви
- 3 лажици брашно
- 2 лажици презла
- 100гр. мелени ореви, бадеми или лешници
- 50гр. сецкана чоколада
- фил 1
- 7 жолчки
- 150 гр. шеќер во прав
- 200гр. чоколада за готвење
- 150гр. путер
- фил 2
- 200гр. слатка павлака
- 100гр. крем сирење
- 1 лажица мед
- ванила концентрат,свежи смокви и мешани јаткасти плодови
Подготовка
Овој пат нема да напишам дека е рецепт кој сум го добила,видела или пробала од некоја моја пријателка оваа торта е моја измислена експериментална креација.
И ќе бидам најискрена дека навистина излезе преубаво...
Се водев по старото добро утврдено градиво дека од убави состојки добро искомбинирани може да се постегне преубав резултат.
Подготовка
1. На почеток започнување со оделување белките од жолчките. Во пластичен сад ги матиме белките до цврста пена.
Додаваме пополека лажица по лажица шеќер и матиме додека не се стопи и не се добие убаво цврсто изматен крем.
На смоквите им ги острануваме дршките ги ставаме во сецко и блендираме.
Изблендираните смокви ги додаваме во белките заедно со мелените ореви, сецканата чоколада,презла и брашно.
Смесата убаво ја мешаме со шпатула со нежни движења пополека без да брзаме да се добие убава воздушеста смеса.
Тестото го печеме во големата тава на делимано премачкана со масло, печеме на 180 степени околу дваесетина минути до половина час.
Кога ќе се испече подизлади со силиконска шпатула поминуваме по краевите и го вадиме тестото превртувајќи на послужавник.
Тестото го сечеме на три идентични теста.
Подготовка на фил.
2. Жолчките ги матиме со шеќерот во прав во густ крем.Пополека над пареа вариме крем околу десетина минути или додека не почне да ни останива пат поминувајќи со лажицата. Во филот додека е топол го додаваме чоколадото мешаме додека не се стопи и оставаме да се излади. Во изладениот фил го додаваме изматениот путер и матиме додека не добиеме убав крем. Филот го делиме на три дела и ја филуваме тортата на крај декорираме со следниот фил.
Подготовка на филот со крем сирење.
3. Слатката павлака ја матиме во цврст фил и го додаваме крем сирењето. Првична идеја ми беше во него да додадам ситно сецкани смокви, но се предомислив додадов една лажица мед и ванила додека свежите смокви ги ставив на крај како убава декорација која го разубавува секако и вкусот. Наросете по желба оревчиња, бадеми или лешници.
Веќе неколку пати напишав дека моите конзументи сакаат и обожаваат рецепти со чоколада затоа се решив на оваа комбинација.