Испечати

Солени брзи коцки со тиквичка

Солени брзи коцки со тиквичка

Состојки

  • 4 јајца
  • 250мл. јогурт
  • 150мл. масло
  • 250гр. пченично брашно
  • 250гр. пченкарно брашно
  • 1/2 средна големина тиквичка
  • 250гр. сирење
  • 1 пециво
  • 1/2 пола лажичка сол
  • 150гр. кашкавал
  • сусам,буковец или кцана сол

Подготовка

1. Во пластичен сад изматете ги јајцата и додадете го маслото и јогуртот.
2. Во друг сад, брашното измешајте го со пченкарното брашно, прашокот за печиво и солта. Во смесата додадете ги изматените јајца и се мешајте се додека сè убаво не се соедини. Откако ќе се соедини, се додава сирењето (ситно издробено) и ренданата тиквичка полека се промешува со вилушка.
3. Смесата се пече во калапи за проја или тава на која претходно сте ставиле хартија за печење (или сте премачкале со путер). Пред да ја ставите во рерна изрендајте кашкавал посолете со сусам или буквец по желба. Печете на 200степени околу половина час.
На здравје!!!