Миризлива пита со црни сливи
Состојки
- за бисквит тесто
- 2 шоли брашно
- 110гр путер
- 1 јајце
- 1 лажица шеќер во прав
- за прелив
- 3 јајца
- 200мл слатка павлака
- 130гр шеќер во прав
- 1 ванила
- 50гр брашно
- плус
- 500гр црни сливи
Подготовка
Се меси ровко тесто од путерот, брашното јајцето и шеќерот. Се става во кеса и во фрижидер да стои 30мин. Во меѓувреме ги чистиме црните сливи, ги вадиме семките и ги сечеме на половина.
Јајцата ги матиме со вилушка.ја додаваме слатката павлака, шеќерот, брашното и ванилата. Матиме додека не добиеме хомогена смеса. Тестото го вадиме од фрижидер го развлекуваме и го ставаме во тркалезен калап бр 26. Го боцкаме со вилушка и над него наросуваме 1 лажица брашно и 1 лажица шеќер во прав за да ја апсорбираат течноста што ќе ја пуштат црните сливи.
Над тестото се редат половниките црни сливи со засечениот дел надолу и се преливаат со кремот. Се печи во загреана рерна на 180 степени 35-40минути.