Пита со смокви
Состојки
- Тесто
- 200-250 гр. брашно
- 2 жолчки
- 130 гр. путер
- 1 голема лажица шеќер
- малку сол
- Фил
- 2 белки
- 50 гр. кршени јатки од ореви
- 1 голема лажица нишесте
- 80 гр. шеќер
- 500 гр. смокви
- малку сол
Подготовка
Тесто
Брашното, шеќерот, солта, путерот и жолчките се замесуваат заедно и ако е потеребно се додава малку студена вода. Се оформува основата за питата.
Фил
Белките се матат со миксер, се додава малку сол потоа се додава шеќерот и се мати до добивање на тврда пена. Се додаваат оревите и нишестето.
Врз основата од тестото се додава филот од белки и најгоре се редат смоквите.
Се печи на 200 степени за 30 минути.
За 5 индивидуални порции или едена голема пита