Испечати

Багет

Багет

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 20 гр свеж квасец
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици стопен путер
  • 300 мл вода

Подготовка

Најпрво ставете го квасецот и шеќерот во млака вода, неколку лажици од брашното и оставете го да се активира.
Ставете го квасецот во брашното, додајте го путерот, солта и полека почнете да месите. Тестото убаво се меси, десетина минути. Оставете го да скисни на топло.
Од тестото направете три пупалиња и нив оставете ги десетина минути настрана.
Од нив, обликувајте ја формата за лепчето, ама без дополнително месење, повеќе со влечење.
Ако имате форми за багет тогаш поставете ги во нив, а ако немате тогаш направете импровизација, како на сликата. На плех ставете поголемо парче хартија за печење, ставете го едното лепче, малку подигнете ја хартијата, да не се допираат лепчињата, па ставете ги и другите две. Додека киснат, отстрана поткрепете ги со крпи, да не ја губат својата форма. Одозгора засечете ги со остар нож.
Печете во добро загреана рерна, на 220 степени, а на дното ставете мало метално чинивче и во него истурете врела вода. Чинивчето се загрева додека се загрева и рерната а водата сипете ја кога ќе го ставите лебот да се пече.
Од лепчето се прават супер брускети.