Испечати

Лесни американски палачинки

Лесни американски палачинки

Состојки

  • 3 јајца
  • 300 гр. брашно
  • 200 мл. млеко
  • половина кесичка пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажички шеќер

Подготовка

Ова е рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер, како брзо да си направите американски палачинки.

1. Најпрво, ги двоиме белките и жолчките.
2. Во еден сад ги ставаме белките и ги матиме додека добиеме пенеста смеса (како на сликата).
3. Во другиот сад кадешто се жолчките, ги додаваме - брашното, млекото, пецивото, шеќерот и ванилата, мативе додека смесата се изедначи.
4. Ги соединуваме двете смеси (од белките и од жолчките). Убаво промешуваме.
5. Во тава со многу малку масло, нанесуваме од смесата, кругови со дијаметар 10см (од прилика).
6. Ги печеме палачинките од двете страни.
7. Сервираме и декорираме по желба. Во случајов јас искористив капинки и шеќер по прав.

Совет 1 - Доколку сакате мала промена можете во смесата (пред да се пече) да додадете 2 лажички какао.